Линкови за пристапност

Силен земјотрес во Авганистан го потресе регионот


Стотици повредени и десетици мртви, јавуваат надлежните од северниот дел на Авганистан, Пакистан и Индија

Во понеделникот, силен земјотрес го погоди северниот дел на Авганистан.

Здравствените служби потврдија шест мртви и околу 70 повредени во провинцијата Нангархар. Во провинцијата Кундуз, за Гласот на Америка, директорот за образование, изјави дека 12 деца го загубиле животот во земјотресот во Такхар и 35 се повредени. Во Пакистан, во Кибер Пактункау провинцијата, која граничи со Авганистан, има четириесет мртви и над триста повредени, известуваат локални и официјални власти.

Од испитување направено во американски геолошки завод, има податоци дека земјотресот бил со сила од 7.5 степени, длабочина од 192 километри и со епицентар 82 километри јужно-источно од Фејзабад, во планинскиот предел Хинду Куш.

Пакистанскиот началник на полиција, Рахел Шариф, им дал наредба на командирите да ја мобилизираат војската и хеликоптерите, за да може веднаш соодветно да се интервенира во регионот.

Иввештаите велат дека во главниот град на Индија, Њу Делхи, земјотресот исто така бил почувствуван и вработените во згради, морале да излезат на улица.

Овој земјотрес се случува точно шест месеца после катастрофалниот земјотрес во Непал, каде животите ги загубија илјадници луѓе и беа уништени огромен број домови.

XS
SM
MD
LG