Јапонската државна телевизија во четврток веднаш ги предупреди жителите во областа да се повлечат на повисока територија.
Телевизијата кажа дека цунами може да го погодат оштетениот нуклеарен реактор во Фукушима.
Американската геолошка служба вели дека земјотресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала.
Јапонија се` уште се враќа во нормала од масивниот земјотрес од девет степени и големите цунами што го опустошија североистокот на 11 март.