Поборниците за заштита на животната средина во понеделник го одбележуваат Денот на планетата Земја со настани кои ги нагласуваат ефектите на климатските промени и начините на кои таа може да се заштити.
Воспоставен во 1970, кога еколошкото движење се сретна со високите цени на горивото и загадувањето на воздухот, Денот на планетата Земја стана ден за фокусирање на подобра пракса за зачувување на здравјето на природниот свет и и намалување на човековото влијание на него.
Официјалната Интернет страница на Денот на Земјата вели дека тој е воспоставен во 1970 од американскиот сенатор Гејлорд Нелсон откако видел каква штета нанел излив на нафта од 1969 во Санта Барбара, Калифорнија. Протестантите против Виетнамската војна исто така го користеа тој ден како шанса за промовирање на својата кауза.
Многу настани за овој ден се генерирани локално, и во многу случаи тие инволвираат чистење на заедницата, на плажи, речни устија и други природни области.
Во Вашингтон, жителите учествуваат во напор за чистење на отпадоци околу реката Анакостија, што е хронично загадена област. На американското Национално шеталиште, ученици се натпреваруваат со програми за подобрување на животната средина.
Во Веракрус, Мексико, доброволца ги чистат плажите и организираат кампања за повторно пошумување.
Во Џаландар, Индија, локална организација дистрибуирала бесплатни расади на учениците за посадување.
И во Сеул, Јужна Кореја, домот на поп сензацијата Сај со „Гангам стил“, еколошка организација организирала настан со танцување во кој учесниците пееле варијација на песната со текст „Еко стил“.