Линкови за пристапност

Одбележување на Денот на планетата Земја


Придонесот на светските лидери е потпишувањето на договорот за климатските промени

Организаторите на Денот на планетата Земја, кој се одбележува секој 22-ри април, соопштија дека повеќе од една милијарда луѓе ќе го одбележат Денот на планетата Земја со активности за унапредување на заштита на животната средина.

Ова е ден кога заедници, училишни групи, соседства, верски заедници и други учествуваат во активности како чистење на околината, садење дрвја, средби со политички претставници и образовни настани.

Додека светските лидери во чест на денот го потпишуваат договорот од Париз за климатските промени во седиштето на ОН во Њујорк, Сузан Бас која е заменик претседател на мрежата Ден на планетата Земја, вели дека еколозите го одбележуваат денот во околу двесте земји. Таа вели дека времињата се променети од првото одбележување на Денот на планетата Земја во 1970-та година, иницирано од страна на американски сенатор кој ги видел ефектите на масовното изливање на нафта во Санта Барбара, Калифорнија, една година претходно.

„Во 1970 година нашите реки беа во пламен, небото црно. Загадувањето беше многу видливо, сите можеа да го видат. Сега фокусот е на климатските промени, кој е многу посуптилен проблем и фокусот на организаторите е на едукација и иницијативен активизам, особено во регионите со висок степен на загадување како Кина и Индија“ вели Бас.

Предизвици, исто така, има и во САД кадешто изливањето на нафтата во Санта Барбара го инспирираше одбележувањето на првиот Ден на планетата Земја, кој сега се смета за трет по ред најголем излив во водите на САД. Беше надминат со изливот на Ексон Валдез во Аљаска во 1989-та година и потоа во 2010-та година уште поголемиот излив на Дипвотер Хоризон во заливот во Мексико.

XS
SM
MD
LG