Линкови за пристапност

Во клучните држави во САД започна гласањето


Во моментов 35 сојузни држави дозволуваат рано гласање на претседателските избори.

На само неколку денови пред 8-ми ноември - денот на изборите, Демократската и Републиканската партија ги повикаа своите симпатизери да излезат да го дадат својот глас порано. Раното гласање веќе се одвива во Северна Каролина.

Претседателската трка помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп влијаела на гласачите.

„Мислам дека разликата помеѓу двајцата кандидати е толку нагласена, што морав да дојдам да гласам денеска“, вели Скот Херик, независен гласач.

Луис Хачинсон е поддржувач на републиканците. Вели дека илегалните емигранти ги земаат работните места дека тоа му пречи.

Најновите анкети покажуваат дека Клинтон води во Северна Каролина, додека пак Трамп има предност во Охајо.

„Колку повеќе ја олесните постапката за регистрација и гласање, толку повеќе луѓе ќе излезат да гласаат. Тоа ќе ја зголеми излезеноста во целост, но нема да биде еднаква за двете партии. Генералната претпоставка е дека поголема корист ќе имаат демократите во споредба со републиканците“, вели Чарлс Присби, професор по политички науки.

Гласачките права се извор на голем број политички и правни битки во Северна Каролина уште од 2013-та година кога по предлог на Републиканците беше усвоен закон со кој се ограничува временскиот период на предвременото гласање и се бара од гласачите да покажат документ со слика за идентификација. Правниците велат дека целта е да се спречат изборни измами.

Неодамна Апелациониот суд го поништи законот за гласање, обеледенувајќи докази според кои законодавците ја користеле датата на податоци за тоа како обично гласаат црнците, пред да го донесат законот.

Контроверзите околу гласачките права мотивираше некои луѓе порано да го дадат својот глас.

Томас Фаулер, гласач за демократската партија вели:

„Не дозволувајте никој да ви го загрози правото на глас, затоа што се сеќавам на времето кога моите претци воопшто немаа право да гласаат. Сега можеме да гасаме и тоа право треба да го користиме“.

Крис Винчестер пак исто така гласач на Демократстката партија смета дека „раното гласање е неопходно затоа што им дава слобода да изберат опција.

Со оглед на тоа што расте задоволството помеѓу граѓаните од можноста за рано гласање, службените лица велат дека во иднина можно е да се зголеми бројот на денови за рано гласање.

XS
SM
MD
LG