Линкови за пристапност

Почина пејачот на Иглс


Албумот „Хотел Калифорнија“ – еден од најдобрите во музичкиот свет

Основачот на култните Иглс, Глен Фреј, една од најпопуларните рок групи во историјата на САД, почина на 67-годишна возраст.

Фреј заедно со Дон Хенли на почетокот на 70-тите, ги формираа популарните Иглс и стојат зад албумот Хотел Калифорнија, еден од најпродаваните изданија на сите времиња. Иглс се распаднаа во 1980-те и Фреј имаше успешна соло-кариера. Во 1998-ма, Иглс беа одликувани со најпрестижната награда за придонес во развојот на рокенролот.

XS
SM
MD
LG