Американската медицинска асоцијација предупреди да се избегнува употребата на електронски цигари, можна причина за 450 неодамнешни случаи на заболувања на белите дробови низ државата, вклучително и пет смртни случаи.
АМА, една од највлијателните лекарски групации во државата, ја повика Управата за храна и лекови да го забрза федералното регулирање за електронски цигари, вклучувајќи и итна забрана за ароматизирани уреди кои се популарни кај младите.
Во понеделникот, Управата за храна и лекови испрати сериозно предупредувачко писмо до најголемиот производител на електронски цигари, JUUL, обвинувајќи за нелегални и недокажани тврдења за безбедноста на неговите производи и нивно рекламирање кај младите.
По ова, од JUUL соопштија дека го разгледуваат писмото од Управата за храна и лекови и дека целосно ќе соработуваат.
Електронските цигари функционираат на тој начин што загреваат никотински касети исполнети со течност за да се создаде пареа.
Иако повеќето експерти се согласуваат дека тие не се толку опасни како вдишувањето на чад од тутун, нема доволно истражување за да се прогласат за целосно безбедна алтернатива на обичните цигари.
Facebook Forum