Линкови за пристапност

СЗО: Регулатива за електронските цигари


Иако овие цигари не користат тутун, тие не се безопасни, велат научниците.

Светската здравствена организација предлага ограничувања за новите електронски цигари, чии производители ги рекламираат како поздрава алтернартива од традиционалните цигари.

Наместо тутун, овие цигари користат батерии да ја загреат течноста во која има мала доза на никотинот. Пушачите издишуваат пареа наместо отровен чад, а сепак примаат никотион за кој чувствуваат желба.

Според извештај на Светската здравствена организација, е-цигарите ветуваат многу, но вели дека новиот производ доаѓа со свои здравствени грижи, заради што се надеваат дека регулативата ќе ги направи понепривлечни за непушачите и младината.

Производителите велат дека направата ќе помогне пушачите да се откажат од навиката. Но, научниците велат дека е премногу рано да се донесат заклучоци за ризиците по здравјето.

За предлозите на Светската здравствена организација ќе се разговара на конференцијата за контрола на тутунот во Москва во октомври.

XS
SM
MD
LG