Линкови за пристапност

Електронски учебници


Електронски учебници
Електронски учебници

Електронските книги - зборовите што појавуваат на монитор, а не на хартија, го изменија начинот на кои многу луѓе читаат. Дигиталните книги го менуваат и начинот на учење. Во близина на Вашингтон околу 175.000 ученици од основните и средни училишта во општината Феарфакс користат материјал преку Интернет.

Учителката по историја Лук Роса влегува на час со количка полна со лап-топ компјутери. Годинава, јавните училишта во општината Феарфакс ги заменија хартиените учебници со оние на Интернет, за предметот општествени науки, за основно и средно образование.

Заменик-управникот на јавните училишта во Феарфакс Питер Нонан ја дава причината:

„Нашите ученици станаа технолошки вешти и подготвени за информации од разни извори“.

Ги потенцира предностите – ваквите учебници може да се обноват без препечатување, а тоа носи голема заштеда. Хартиените учебници ја чинеле општината осум милиони долари, електронските нешто под шест милиони.

Учениците имаат различни мислења за промената. Некои се радуваат што не мора повеќе со себе да носат учебници. На други не им се допаѓа што зависат од Интернет кој понекогаш не функционира.

Но, што со 10-те проценти од учениците во општината кои немаат компјутер или пристап до Интернет? Стивен Кастиљо е еден од нив. Тој вели дека мора да оди во јавна библиотека или кај другарите кои имаат Интернет, за да учи.

Покрај тоа, овие деца може да учат на компјутерите во училишната лабораторија по наставата, или пак во компјутерските клубови што за оваа намена ги осноа општината. И други општини во околината на Вашингтон ја разгледуват можноста да воведат Интернет-учебници.

XS
SM
MD
LG