Линкови за пристапност

Двете лица на Шар Планина: Уникатна природа и отпад од секаков вид

Доколку тргнете на прошетка зад викенд-населбата кај Попова Шапка, првото нешто што ве пречекува е отпад во кој се наоѓа сè и сешто. Од остатоци од бои за молерисување, до градежен шут и делови од фотелји, кревети, софи. Кој што стигнал, истурил безгрижно. Уникатната природа доаѓа после отпадот.

Првпат оваа дива депонија ја снимивме пред две години, пред прогласувањето на Шар Планина за национален парк. После точно две години, истата локација, зад населбата, и понатаму е затрупана со отпад.

Поупорните и поиздржливите, сепак после подолго планинарење ќе ја имаат привилегијата да ја видат сета раскош и уникатност на Шар Планина. Но, на враќање кон Попова Шапка, повторно ќе се соочат со отпадот, чија локација не е запишана во плановите за Шар Планина како национален парк.


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG