Линкови за пристапност

Двајца сè уште се водат како исчезнати во уривањето на зграда во Марсеј 


Марсеј, (АФП) - Спасувачите ги пребаруваат урнатините во францускиот медитерански град Марсеј по две лица кои се уште се водат како исчезнати по уривањето на зграда два дена пред тоа, додека инспекторите почнаа да работат за да ја утврдат причината за експлозијата што ја урна.

Тие досега ги извлекоа телата на шест лица за кои се знае дека биле во четирикатниот станбен блок во раните утрински часови во неделата.

Експлозијата го потресе целиот кварт Камас, на неколку стотини метри од историското старо пристаниште во Марсеј.

Пет жени и тројца мажи, повеќето на возраст меѓу 66 и 89 години, но меѓу кои и пар на возраст од 29 и 31 година, се знае дека биле во зградата кога била разрушена.

„Би било чудо да се најдат преживеани, но ние имаме вера“, рече свештеникот, отец Оливие, на молитвеното бдение во црквата Сен Мишел.

Полициските форензичари работат на идентификување на досега извлечените тела.

Но, очите сега се вперени кон можните причини за експлозијата во текот на ноќта, при што многу сведоци се сеќаваат дека мирисало на гас.

Властите допрва треба да објаснат што точно се случило.

Во меѓувреме, околу 200 луѓе се евакуирани од населбата и се соочуваат со неизвесност кога ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови.

Извор: АФП

XS
SM
MD
LG