Линкови за пристапност

Американска инвестиција ќе отвори 500 нови работни места во Македонија


Американска инвестиција во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Американска инвестиција во Македонија

Деблокадата на евроатлантските интеграции дополнително ќе привлече странски инвестиции

До средината на идната година ќе стартува со работа фабриката на американската „Дура аутомотив системс“ која денеска почна да се гради во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје. Станува збор за инвестиција вредна 18 милиони евра на компанија од автомобилскиот сектор која во земјава ќе произведува надворешни алуминиумски компоненти. Една од клучните причини за изборот на Македонија била локацијата.

„Мило ни е што можеме да кажеме дека од многуте опции за локација, трговската зона во Скопје во споредба со останатите избори, има севкупна супериорна оценка ѝ е најдобра во однос на способноста на работната сила, ангажманот на надлежните и веројатноста за успешен процес на работа“, изјави потпретседателот на „Дура Аутомотив системс“, Мајк Бекет.

За владата, деблокадата на евроатлантските интеграции дополнително ќе привлече странски инвестиции.

„Поканата за членство во НАТО и започнатиот процес на преговори со ЕУ ќе резултираат со уште поизразен оптимизам. Со право очекуваме поголема доверба во македонската економија и многу нови инвестициски бранови. Членството во НАТО и економските политики и реформи што ги спроведуваме ќе обезбеди сигурност за инвестициите, рече премиерот на Македонија, Зоран Заев.

„Со новите економски политики на Владата на РМ, се создава една поволна атмосфера земјата да се позиционира како реална и стабилна бизнис дестинација. Во оваа насока владата и дирекцијата остануваат посветени на привлекување нови инвестиции“, изјави Александар Младеновски од дирекцијата за трговско-индустриски зони.

Погонот на „Дура“, според најавите, ќе значи отворање на 500 работни места – во наредните 10 години вложувањата во Македонија треба да изнесуваат 38 милиони евра. Во деловното портофоли на американската компанија, која е добавувач за светските автомобилски произведувачи, влегуваат 36 погони со речиси 10.000 вработени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG