Началникот на Здружениот генералштаб Џо Данфорд, изјави дека САД и јужнокорејските сојузници работат на „бројни технички прашања“ пред американскиот Систем за противракетна одбрана (THAAD) да биде целосно распореден на Корејскиот Полуостров.
Данфорд додаде дека за време на денешната средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џеи-Ин во Сеул, „не разговарале за конкретната временска рамка“ да се стори тоа.
Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, и државниот секретар Рекс Тилерсон, во заеднички коментар објавен во „Волстрит џурнал“, ја пофалија новата јужнокорејска влада за „продолжување со распоредувањето на системот за противракетна одбрана на САД“.
Facebook Forum