Линкови за пристапност

ДУИ по Нова година ќе побара меѓународна помош за решавање на проблемот со името


ДУИ по Нова година ќе побара меѓународна помош за решавање на проблемот со името
ДУИ по Нова година ќе побара меѓународна помош за решавање на проблемот со името

Доаѓањето на дипломати од калибарот на Пердју и Леотар, како што беше случајот со склучувањето на Рамковниот договор, само ќе помогне Македонија да излезе од статус кво ситуацијата во која се наоѓа, вели Теута Арифи

Доаѓањето на дипломати од калибарот на Пердју и Леотар, како што беше слчучајот со склучувањето на Рамковниот договор, само ке помогне Македонија да излезе од статус кво ситуацијата во која се наоѓа, вели Теута Арифи

Владеачката ДУИ работи на финализирање на предлогот за создавање на национален консензус за прашањето на спорот со Грција со посредство и на меѓународните фактори. Оваа иницијатова ја оправдуваат со, како што велат, безизлезната ситуација во која нема знаци на поместување од мртва точка на целиот процес.

„Државата сама не може да изгради стратегија по ова прашање“ ,вели Теута Арифи од ДУИ и додава дека поради тоа доаѓањето на дипломати од калибарот на Пердју и Леотар, како што беше слчучајот со склучувањето на Рамковниот договор само ќе помогне Македонија да излезе од статус кво ситуацијата во која се наоѓа, вели Арифи.

Во ДУИ исто така сметаат дека барањето меѓународната заедница да и` помогне на Македнија нема да претставува сигнал дека државата нема капацитети сама да се соочи со проблемот. Напротив, велат од таму, на тој начин Македонија само ќе демонстрира спремност земјата да ги решава проблемите кои се од суштествена важност за иднината.

Во ДУИ ги потврдија информациите објавени во медиумите за тоа дека Али Ахмети официјално предлогот за повикувањена на меѓународните фактори да помогнат во изнаоѓање на внатрепартиски консензус на премиерот Груевски ќе му го достави по новогодишните празници.

Во мегувреме шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас од Атина уште еднаш порача дека напредокот на Македонија во евроатлантските интеграции не е можен без решавање на спорот со Грција.

Решавањето на прашањето за името е услов за пристапувањето на Скопје во НАТО и ЕУ, изјавил шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Како што пренесува МИА, Друцас воедно повика да не се земаат како факт изјавите кои доаѓаат од македонски и од турски официјални претставници.

„Се прашувам како може вакви изјави да се сметаат за поверодостојни од зборовите на грчката Влада. Нема потреба за дневно потврдување на грчките позиции“, изјавил шефот на грчката дипломатија.

XS
SM
MD
LG