Линкови за пристапност

Државата должи нови 50 милиони евра – Уставен суд го поништи „солидарниот данок“


Ретроактивноста, селективноста и нарушување на правната предвидливост се клучните причини поради кои Уставен суд го поништи законот. Компаниите кои го платија данокот имаат рок од пет години да ги бараат средствата назад. Не се исклучува и можноста да бараат камата на уплатените средства.

СКОПЈЕ – Од денес државата е должна нови 50 милиони евра кои вкупно 156 компании ги уплатија во Буџетот на име на Законот за солидарен данок кој Устаен суд го поништи. Одлуката е донесена речиси едногласно, 5 спрема еден во гласовите на судиите. Повреда владеење на правото, ретроактивноста и селективна солидарност се клучните причини за одлуката на Уставниот суд.

„Вакво ретроактивно дејство на закон е апсолутно недозволено. Правната сигурност на субјектите. Тие мора да имаат фундаментални принципи на владеењето на правото се правната предвидливо и правната сигурност. Субјектите во правото мора да знаат што ги чека. Не може во сред игра да им ги менуваш правилата за игра. Кога владее правото ти знаеш што те очекува. Дека оваа година на толку остварен профит толку данок ќе платам. Во услови на немилосрдна борба за привлекување на странски инвестиции каква порака се праќа до економските субјекти дека државата може по потреба и кога ќе и текне да воведе данок. Овој пат за солидарност, утре за нешто друго. Таа тежина на повредата и ретроактивното дејство беше клучно за одлуката да биде поништувачката“, објасни Костадиновски.

Секоја од сто и педесет и шесте компании кои уплатија средства на име на солидарниот данок поединечно имаат рок од пет години да ги побараат средствата назад.

Дарко Костадиновски претседател на Уставен суд
Дарко Костадиновски претседател на Уставен суд

„Согласно нашиот акт, секој што смета дека со тој закон му биле повредени правата има право да бара од надлежниот орган да се поништат решенијата, во рок од пет години од објавувањето на нашата одлука во „Службен весник““, изјави Костадиновски.

Пред компаниите од кои беа наплатени средства за овој данок е отворена можноста да бараат и камата за тие пари бидејќи речиси една и пол година, спротивно на Уставот, не можеле да располагаат со нив.

„Не можам да зборувам во име на субјектите. Постој можности да бараат камати. Модалитетот зависи од самите субјекти и тоа е нивна оценка“, појасни Костадиновски.

Во текот на постапката, според процедурата, Уставен суд побара мислење од Владата кое не беше доставено. Сепак премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека одлуката на Уставен суд ќе се почитува и доколку е поништувачка ќе се крати од Буџетот или ќе се направи ребаланс за да се стават на располагање 49,2 милиони евра колку што државата сега должи кон компаниите.

Законот за солидарен данок беше донесен во септември 2023 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG