Линкови за пристапност

Државата да се приклучи на меѓународниот систем за рано предупредување на исчезнати лица, предлага Буџакоски


Убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска сè уште не е до крај разјаснето, вели Буџакоски
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:03 0:00

Убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска сè уште не е до крај разјаснето, вели Буџакоски

Обид за киднапирање близу Штип. Младо момче повикало ученичка од основното училиште Страшо Пинџур во Карбинци да влезе во неговото возило. Таа исплашено истрчала во училиштето и го пријавила кај директорката.

Убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која ја потресе македонската јавност сè уште не е до крај целосно разјаснето, вели поранешниот висок полициски функционер и професор по безбедност, Стефан Буџакоски. Според него недостасуваат доста елементи за да може да се направи правилна правна квалификација на сè она што се случувало, но и да се види кои се сите причини поради кои дошло до сето ова.

Не може да се види учеството на таткото, учеството на трите лица, поврзаноста со лицето од Велес.
Стефан Буџакоски, професор по безбедност

„Бидејќи постојат низа елементи со кои што не може да се види учеството на таткото, учеството на трите лица, поврзаноста со лицето од Велес. Но најмногу има отежителни околности што ова убиство го издигаат на една потешка форма, тоа е по ставот 2, каде што е предвидена казна затвор најмалку 10 години и доживотен затвор. Тоа ги апсорбира сите овие околности. Недостасуваат некои работи за да може типично да разговараме за грабнување, против-правно лишување“, вели Буџакоски.

Според него, ова треба да биде аларм за безбедносните служби во државата уште повеќе да се ангажираат за да можат да се справат со криминалните структури.

„Ние тешко одиме со чекорот на времето. Современото живеење на површина исфрла современи форми на криминалитет, кои што бараат поголема системска, превентивна и репресивна активност од сите државни служби, вклучувајќи го населението, семејството, образовните институции, кои ќе значат организирано преземање на одредени активности“, додава Буџакоски.

Министерот за правда, Кренар Лога вели дека доживотен затвор е

Смртната казна би била спас за тие монструми.
Кренар Лога, министер за правда

најмалата казна која треба да се изрече во оваа трагедија. Во однос на смртната казна, Лога вели дека Уставот ја забранува таа, и оти државата има и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат неа.

„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотната казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции", се вели во писмената изјава на Лога.

Утринава во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци, близу Штип, имало обид за киднапирање на две лица. Информацијата за локалната телевизија Стар ја потврдила директорката на училиштето Наталија Костова и градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Според МВР во училишниот двор со патничко возило „Голф“, дошло младо машко лице, кое според пријавеното, повикало ученичка да влезе во неговото возило за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот.

„Грабнувачите се обиделе да ги воведат двете деца во возилото кое влегло до почетокот на училишниот двор. Безбедносните камери го имаат фатено возилото и се работи на расчистување на случајот и утврдување на регистарската табличка на самото возило“, изјави градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Буџакоски, пак, вели оти земјава под итно треба да се приклучи на меѓународниот систем за рано предупредување на исчезнати лица и деца, т.н амбер алерт систем „пронајди ме“, а кој во примерот со Србија се покажа дека дава одлични резултати.

„Тој систем навреме после 7 часа до 48 часа алармира до сите институции до сите пори во општеството, да можат сите да дадат придонес во пронаоѓање на лицата. Односно овој систем значи и голема превенција за сите лица кои сакаат да направат вакво кривично дело да не го вршат бидејќи многу лесно ќе бидат откриени. Во Македонија поради менталитетот недостасува една безбедносна култура на пријавување на состојби, кои алармираат нешто слично. Ние секогаш алармираме откога ќе настанат вакви тешки последици“, изјави Буџакоски.

XS
SM
MD
LG