Линкови за пристапност

Зависноста од пороци не е недостаток на карактер


Зависноста е болест која треба да има ист лекарски пристап како и при срцевите заболувања, дијабетесот или ракот, вели познат американски лекар

Познат американски лекар вели дека зависноста не треба да се гледа како „недостаток на карактер“.

Хирургот Вивек Марти го кажа ова во новиот извештај за злоупотреба на штетни супстанци под наслов „Соочување со зависноста во Америка: Извештај на хирурзите за дрогата, алкохолот и здравјето“.

Во извештајот тој вели дека треба да се промени начинот на кој општеството гледа на злоупотребата на супстанци, за што рече дека претставува една од најголемите здравствени кризи на нашето време.

Марти вели дека зависноста е „хронична болест на која треба да се пристапи на ист начин како и во случај на срцево заболување, дијабетес или рак “.

Според податоците од извештајот 21 милион Американци се борат со зависноста од штетни супстанци, број кој е многу поголем од оној на пациентите со рак.

Но,и покрај високите бројки, извештајот нагласува дека само 10 отсто од нив одат на лекување.

XS
SM
MD
LG