Линкови за пристапност

Обама го нагласува третманот во новата политика спрема дрогата


Администрацијата вели дека новата политика на САД ќе биде помалку фокусирана на масовни апсења

Администрацијата на Обама вели дека новата политика против илегалната дрога повеќе ќе се фокусира на превенција и на третман отколку на масовни апсења и затворање на прекршителите на законот.

Новата стратегија ја објави директорот на Канцеларијата за контрола на дрогата во Белата куќа, Гил Керликовски. Тој рече дека политиката е пристап на зависноста со дрога како на болест која може да се лекува, а не како на криминал, и ја затвора вратата на користењето на дрогата, затворањата и повторителни апсења.

Новата политика се имплементира во време кога користењето на дрога во САД е во опаѓање. Нов извештај покажува дека користењето кокаин паднало за 40 проценти меѓу 2006 и 2010, заедно со 50 проценти опаѓање на користењето на метамфетамин.

На американскиот претседател Барак Обама му беше поставено прашањето за исправноста на децении долгата американска „војна против дрогата“ од латино-американските лидери на минатонеделниот самит на јужноамериканските држави во Колумбија. Обама ги отфрли повиците на претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос и други лидери за легализирање на дрогата, кои тврдеа дека тоа е поефикасна и поевтина алтернатива на американската „војна против дрогата“.

XS
SM
MD
LG