Tуберкулозата отпорна на повеќе лекови бележи пораст во неколку земји кои се справуваат со болеста.
Научниците од Центрите за контрола и превенција на болести со седиште во Вашингтон, предвидуваат дека во текот на следните 25 години, ќе има значително зголемување на случаите кои не реагираат на еден или повеќе антибиотици и тоа во земјите како Русија, Индија, Јужна Африка и Филипините.
Експертите велат дека Русија ја предводи групата, и според нивниот математички модел, до 2040-та година една третина од сите случаи на туберкулоза во оваа земја, ќе бидат отпорни на повеќе или на сите лекови.
На четирите споменати земји во 2015-та отпаѓале преку 230.000 нови случаи на болеста, и тоа видот што тешко се третира, додаваат научниците во Центрите за контрола и превенција на болести.
Најновите откритија се објавени во најновото издание на списанието на инфективни болести „Лансет“.
Facebook Forum