ОН започнале истрага за употребата на напади со беспилотни летала за контратерористички операции.
Истрагата е објавена во четврток во Лондон и ќе се однесува на 25 напади во Пакистан, Јемен, Сомалија, Авганистан и Палестинските територии.
Таа исто така ќе се фокусира на убиства и повреди на цивили како резултат на нападите.
Истрагата ќе ја изведе британскиот адвокат Бен Емерсон, специјален пратеник на ОН за контра-тероризам и човекови права.
Емерсон вели дека користењето на беспилотни летала „е тука за да остане“ но дека е императив постоење на соодветна законска и оперативна структура за регулирање на нивната употреба.
Поголем дел од нападите со беспилотни летала се изведени од САД, иако и Израел ги употребува и други нации имаат пристап до технологијата.
Пакистан беше една од земјите кои побараа истрага. Голем број вакви напади се изведени на границата со Авганистан, што според Пакистан го крши нивниот суверенитет и предизвикува засилување на милитантството во регионот.