Вашингтон пост јавува дека САД ја прошируваат програмата со тајни беспилотни летала во Источна Африка и арапскиот полуостров со цел да соберат разузнавачки информации и да извршат напади врз милитанти поврзани со Ал-Каида во Сомалија и во Јемен.
Весникот цитира официјални лица од американската одбрана кои изјавиле дека САД градат нова воена инсталација за беспилотни летала во Етиопија, од каде лесно може да вршат напади врз членови на Ал-Шабаб, која се бори за контрола врз соседна Сомалија.