Линкови за пристапност

Иран нападнал американско беспилотно летало


Иран ветува дека ќе се спротивстави на секоја агресија на неговиот воздушен простор.

Иран имплицитно го потврди нападот на американско беспилотно летало и вети дека ќе пресретне секој авион што ќе влезе во нивниот воздушен простор, еден ден откако Пентагон кажа дека ирански авиони пукале на невооружено американско беспилотно летало врз меѓународни води во Персискиот залив.

Генералот на иранската Револуционарна гарда Масуд Азајери не го потврди експлицитно нападот во коментарите за новинската агенција ФАРС во петокот. Но тој кажа дека Иран „решително ќе одговори на секоја агресија од воздух, земја или море“.

Портпарол на Пентагон, Џорџ Литл, во четвртокот кажа дека беспилотното летало Предатор било надвор од ирански води на рутинска класифицирана мисија на набљудување на 1 ноември кога ирански армиски авион пукал на леталото, но го промашил.

Литл вели дека САД го информирале Иран дека се подготвени да ги бранат своите сили и дека ќе продолжат со набљудувачки операции над Персискиот залив на линија со американската определба за безбедност на регионот. Тој кажа дека САД не отфрлаат ниту воен ниту дипломатски одговор.
XS
SM
MD
LG