Официјални лица велат дека осомничено американско беспилотно летало убило најмалку седуммина наводни милитанти на ал-Каида во Јемен, еден ден откако американскиот Стејт департмент нареди персоналот што не е неопходен да ја напушти земјата среде загриженоста од можен терористички напад.
Беспилотното летало нападнало рано во среда во провинцијата Шабва и тоа е петти напад во Јемен за помалку од две недели. САД многу пати користеле беспилотни летала последниве години целејќи на членови на ал-Каида на Арапскиот Полуостров.
Јеменски официјални лица велат дека пресретнале закани во главниот град и на други локации, и порано неделава објавија листа од 25 лица за кои велат дека планирале да изведат напади.
САД затворија 19 амбасади и конзулати на Блискиот исток и Африка до сабота, вклучувајќи ја и амбасадата во Саана.
Американскиот претседател Барак Обама вели дека заканата што била причина за затворањето е „доволно значајна“ за САД да „бидат крајно претпазливи“.