Медицински тимови на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнаа во Демократска Република Конго, во борба против најновата појава на вирусот ебола.
Регионалните владини претставници, исто така, објавија планови за справување со болеста.
Откако 17 лица починаа, властите потврдија дека најмалку две од нив биле заразени со ебола.
СЗО вели дека обезбедила еден милион долари од Фондот за вонредни состојби, со цел справување со кризата во регионот Бикоро.
Министерот за здравство на Нигерија Исак Адеволи, соопшти дека ќе ја засили проверката на посетителите од Конго, и ќе ја разгледа можноста за испраќање здравствени тимови во Конго.
Последната епидемија на ебола во Конго беше во 2017-та година, каде во зафатената зона Ликати загинаа четири од осум заразени лица.
Нова, експериментална вакцина се покажа како ефикасна против вирусот, иако снабдувањето е ограничено
Facebook Forum