Линкови за пристапност

Ураганот Доријан се движи кон источното крајбрежје на САД


Од денес се смета за прва категорија, полека губејќи ја силата

Ураганот Доријан од денес се смета за прва категорија, полека губејќи ја силата, по предизвикани торнада и поплавени патишта во Северна и Јужна Каролина.

Раноутрово, ураганот го погоди крајбрежјето на Северна Каролина, пред да продолжи во Атлантскиот Океан кон источното крајбрежје на САД, со ветришта од 150 километри на час.

Националниот центар за урагани соошти дека ураганот ќе помине покрај крајбрежјето на Северна Каролина во рок од неколку часови.

Оттаму предупредија дека се очекува ураганот да биде опасен по живот, предизвикувајќи силни ветрови и поплави.

Вечерва поројни дождови се очекуваат во Њу Ингланд и Нова Шкотска.

Илјадници луѓе на Бахамите почнаа да се подготвуваат за повторна изградба на нивните домови.

Меѓународни спасувачки тимови се` уште трагаат по преживеани, а заклучно со синоќа, бројката на загинати се искачи на 30.

Министерот за здравство на Бахамите изјави дека очекува бројката да биде значителни повисока.

Бродови на Американската крајбрежна стража и Кралската морнарица на Британија се во близина на погодени острови од бахамскиот архипелаг со осум тони подготвени храна и сателитска опрема.

Големите бродови за крстарење што најчесто носат туристи на егзотичните острови, се користат за достава на храна, вода, генератори за струја и други неопходни производи.

Универзитетот Хамптон во Вирџинија нуди бесплатна настава и сместување за студенти од Универзитетот на Бахамите за есенскиот семестар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG