Линкови за пристапност

Две минути до крајот на светот


Се` уште има време да се запре отчукувањето на часовникот, велат научниците, меѓу кои и 15 нобеловци

Група научници ги поместија стрелките на „Часовникот за крајот на светот“ на две минути до полноќ, поради загриженоста за неодамнешните геополитички настани.

„Дадовме јасна изјава дека светот станува се` поопасен“, рече пред новинарите во Националниот прес клуб, физичарот Лоренс Краус од Државниот универзитет на Аризона.

Годишното симболично предупредување за ризикот од глобално уништување датира од 1947-ма година, на самите почетоци на атомската ера.

„Стрелките се најблиску до полноќ од кога и да било порано во 71 годишната историја на часовникот“, објаснува Краус, откако објави дека тiе се поместуваат 30 секунди нанапред.

Во време кога имаше помала загриженост, стрелките беа на 17 минути пред полноќ.

Ребека Бронсон, претседателка на Билтенот на нуклеарни научници кој го поставува времето на часовникот, вели дека „нуклеарната ситуација имала централно место во дебатата“ да се поместат стрелките поблиску до полноќ, слично како и во периодот во 1953-та година, кога САД и Советскиот Сојуз тестираа нуклеарни бомби.

Загриженоста на научниците, меѓу кои има и 15 нобеловци доаѓа поради поткопувањето на Договорот за нуклеарни проектили од среден дострел и модернизирањето на американските и руските арсенали.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG