Линкови за пристапност

Репрезентацијата на САД без Донован


Селекторот кажа дека ова била тешка одлука, но дека други играчи биле нешто понапредни од Донован.

САД ја претставија својата 23-члена репрезентација за претстојоното Светско фудбалско првенство во Бразил. На изненанадување на многумина, главниот голгетер, 32-годишниот Ландон Донован е изоставен од тимот.

Селекторот Јурген Клинсман кажа дека ова била една од најтешките одлуки во неговата кариера, но дека други играчи биле нешто понапредни од Донован.

Донован е еден од најпрепознатливите фигури во американскиот фудбал за последните 10 години. Тој имаше 57 голови во 156 меѓународни натпревари. Тој даде некои од најубавите моменти на американската фудбалска историја вклучувајќи го и оној на четвртфиналето на американскиот тим во 2002-ра на светското првенство во Јужна Кореја.

Во изјава постирана на неговата Фејсбук страница Донован изрази разочараност по одлуката но нагласи дека останува определен да помага на растежот на фудбалот во САД во следните години.
XS
SM
MD
LG