Линкови за пристапност

Трамп потпиша документ за намалување на регулативата за бизнисите


За време на потпишувањето, на Трамп му се придружија сопственици на мали претпријатија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша извршната наредба за намалување на прописите во бизнис секторот.

Трамп пред да ја потпише наредбата, одржал состанок со сопствениците на мали претпријатија зад затворени врати.

Претседателот ја повторил својата желба за намалување на прописите од 75 проценти. Како што кажал тој, оваа негова желба има за цел да се направи отворањето на нов бизнис во САД, полесно отколку досега.

Опкружен со сопственици од малите претпријатија при потпишувањето, Трамп истакнал дека предлага за секоја нова федерална регулатива, две од постоечките треба да бидат отповикани.

XS
SM
MD
LG