Линкови за пристапност

Способноста за препознавање кај делфините


Велат дека слоновите никогаш не забораваат, но можеби делфините имаат подобро паметење од сите не-човечки видови

Замислете го звукот на гласот на вашиот најдобар пријател. Што ако почнувајќи од утре, не го слушнете тој глас во наредните 20 години? Дури децении подоцна, би можеле сепак да го препознаете тој глас ако го чуете меѓу други.

Џејсон Брук од Универзитетот на Чикаго публикуваше ново истражување демонстрирајќи дека делфините можат истото да го направат.

„Бејли живее на Бермудските острови и Али живее во зоолошката градина во Брукфилд, во Чикаго, но тие живееле заедно во објект во Флорида.“

Двата делфинa живееле заедно во ист аквариум пред две децении. Претходни студии сугерираа дека овие видови користат детализирани повици да се идентификуваат меѓусебно.

„Делфините можат всушност да користат звуци како свиркање во врска со други делфини, што е како ние кога користиме имиња“, вели Брук.

Користејќи подводни звучници, Брук продуцирал звук на делфин што Бејли никогаш порано не го слушнала.

Воглавно, Бејли ги игнорирала непознатите звуци. Но кога Брук го отсвирил повикот од Али, делфинот што Бејли не го видела 20 години, Бејли реагирала:

„Таа вртеше кругови наоколу и пливаше надзвучниците и истражуваше околу две-три минути.“

Брук вели дека тоа било најдолгото препознавање на стар пријател воопшто пронајден во животинскиот свет:

„Мислев дека ќе најдеме доказ за препознавање по пет или десет години, но социјална меморија од 20 години е неверојатно откритие.“

Брук тестирал други двојки кои биле раздвоени со години, и нашле слични резултати. Делфините обрнувале повеќе внимание на звуците на дого загубените придружници.

Ова наоѓање има смисла според тоа што го знаеме за делфините, вели Дајана Раис која управува со истражувачката програма во Националниот аквариум во градот Балтимор, и ги студира овие животни во нивна природна средина.

„Знаеме дека делфините имаат големи, комплексни мозоци, дека живеат во големи комплексни општества во морињата, и оваа студија само натамошно посочува на важноста на социјалните врски меѓу животните“, вели таа.

Џејсон Брук вели дека во дивина, делфините живеат во групи кои продолжуваат да се делат и прегрупираат:

„Всушност тоа е истиот општествен систем што ние го имаме, го имаат слоновите и шимпанзата.“

Бидејќи нивните групи се променливи, јасно е дека делфините би можеле да препознаат поединци долго време откако се заминати.

„Вие не знаете дали ќе бидете разделени една недела, или две години, или можеби 10 години“, вели Брук.

Делфините во затворени простори често се пренесуваат од едно на друго место. Брук вели дека оваа нова информација може да им помогне на менаџерите на зоолошките и аквариумите да ги држат животните поздрави и посреќни. И колку повеќе знаеме за природата на делфините, вели Раис, подобро ќе можеме да ги заштитиме во заторени простори и кога се слободни.
XS
SM
MD
LG