Линкови за пристапност

Македонија останува поволна дестинација за водење бизнис


Водечката публикација на Светската банка, „Дуинг бизнис 2018” ја рангира државата на високо 11-то место

Според најновиот извештај „Дуинг бизнис 2018” Македонија останува на врвот на држави за водење бизнис, и е рангирана на 11-то место.

Пет највисоко рангирани реформатори се Нов Зеланд, Сингапур, Данска, Јужна Кореја и Хонг Конг. САД се на шестото место.

Водечката публикација на Светската банка, е 15-та во серијата годишни извештаи за оценка на прописите кои ја зајакнуваат или ограничуваат деловната активност.

„Дуинг бизнис“ ги мери прописите кои влијаат на 11 области поврзани со бизнисот. Во овогодишното рангирање се вклучени десет области: отпочнување бизнис, добивање градежни дозволи, пристап до електрична енергија, регистрирање на сопственост, добивање кредит, заштита на малцински инвеститори, плаќање на данок, преминување на граници, спроведување на договори и решавање на несолвентност . Извештајот исто така ја мери регулативата на пазарот на труд, но овој критериум не беше вклучен во годинешново рангирање.

Од Светската банка велат дека минатата година претприемачите забележале позитивни реформи во 119, од вкупно 190 светски економии опфатени во извештајот.

Европа и Централна Азија продолжуваат да бидат региони каде се спроведуваат најголем број реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG