Линкови за пристапност

Демократите бараат поврзаност на Трамп, мејловите и Русија


Многу демократски стратези велат дека тоа може да ја ослаби позицијата на републиканскиот кандидат во очите на Американците

Додека демократите се обидуваат да ги средат последиците од срмното протекување на мејловите, многумина во партијата го префрлуваат фокусот кон Русија.

Официјални лица од кампањата на Клинтон, во понеделникот направија невообичаен чекор, обвинувајќи руски хакери за обид да се вмешаат во изборите во САД, преку објавување мејлови на Демократскиот национален комитет.

Многу демократски стратези велат дека очекуваат тимот на Клинтон да продолжи да укажува на врските на Трамп со Русија, велејќи дека може да ја ослаби позицијата на републиканскиот кандидат во очите на Американците.

Трамп во понеделникот, на Твитер се обиде да ги сврти обвинувањата како шега, но сепак напиша: „Му се допаѓам на Путин“.

Викилекс објави 20.000 мејлови на Демократскиот национален комитет минатата недела, пред почетокот на националната конвенција во понеделникот во Филаделфија.

XS
SM
MD
LG