Линкови за пристапност

САД ќе започнат да собираат примероци на ДНК од притворени имигранти


Федералните агенти ќе започнат да собираат примероци на ДНК од десетици илјади имигранти во американските затвори, во масивна експанзија на програмата за генетички маркери креирана од Конгресот пред повеќе од една деценија, објавија официјални претставници во четвртокот.

Имигрантите долго беа изземени од законот што датира од 2005, кој што бара собирање на ДНК примероци од „поединци кои се уапсени, кои се соочуваат со обвиненија, или кои се осудени или од лица кои не се од САД кои биле приведени според законите на САД“.

Одделот за правда минатата година предложи ново правило за целосно придржување кон законот, изоставувајќи ги исклучоците и барајќи од агентите да собираат примероци од имигрантите кои влегуваат во САД илегално и кои се во американски притвори. Информацијата потоа се предава во базата на податоци за криминал на ФБИ.

Новото правило влегува во сила во понеделник. Претставници на Одделот за правда велат дека тоа ќе им помогне на агентите за спроведување на законот да идентификуваат криминалци.

„Денешното правило им помафа на федералните агенции во имплементирањето на долгопостоечки аспекти на нашите имиграциони закони како што се усвоени од двопартиско мнозинство во Конгресот“, во соопштение кажа Заменикот Генерален правобранител Џефри А. Росен. „Неговата имплементација ќе помогне да спроведе федерален закон со користење на наука“.

Групите за граѓански слободи остро го критикуваа новото правило. Американската Унија за граѓански слободи го нарече „ксенофобична програма“.

XS
SM
MD
LG