Линкови за пристапност

Џон Малкович не доби шанса да одговори на новинарско прашање: Што се случува со проектот за филмски студија во Скопје?


Откако прашањето беше поставено, организаторите на Охридско лето, со објаснување дека прес-конференцијата е исклучително тематска, не дозволија Малкович да се изјасни за поставеното прашање, иако тој покажа подготвеност да зборува.
Откако прашањето беше поставено, организаторите на Охридско лето, со објаснување дека прес-конференцијата е исклучително тематска, не дозволија Малкович да се изјасни за поставеното прашање, иако тој покажа подготвеност да зборува.

Иако покажа подготвеност да зборува, на Малкович не му беше овозможено да одговори на новинарско прашање што го постави „Гласот на Америка“: „Што се случува со најавата за изградба на филмски студија под името ‘Stone Bridge’ во Скопје?“. Проектот го најави тој самиот лани.

Американскиот актер Џон Малкович не доби можност да одговори на новинарско прашање што го постави „Гласот на Америка“: „Што се случува со најавата за изградба на филмски студија под името ‘Stone Bridge’ во Скопје?“. Проектот го најави тој самиот лани, преку видео порака упатена до македонската јавност.

Но, откако прашањето беше поставено, организаторите, со објаснување дека прес-конференцијата е исклучително тематска, не дозволија Малкович да се изјасни за поставеното прашање, ниту дозволија понатамошно поставување прашања на тема поврзана со најавата за филмските студија.

Прес-конференцијата продолжи со прашања поврзани со претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“, со којашто Малкович ќе настапи на Охридско лето утревечер, 26 јули, на Античкиот театар и за која, како што соопштија организаторите, веќе биле распродадени 2.500 влезници низ земјава и во регионот.

„Лично за мене, тоа е претстава (Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец) што ја сакам. Ја сакам поради фактот дека ги обединува класичната музика и театарот на многу иновативен и верувам, на убедлив начин“, рече Малкович.

Претставата е комбинација од класична музика и театар, при што на сцената ќе настапува и оркестарот на Виенската академија, со која е изработен проектот. Се работи за претстава во која е опфатена приказната на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер, кој после извршените убиства и осудата на доживотна робија, успеал да добие помилување. Но, после помилувањето тој продолжил да убива жени.

„Тоа е претстава што секогаш ќе има значење бидејќи насилството секогаш било и секогаш ќе биде со нас“, рече Малкович.

Актерот додаде дека претставата се поврзува со две спротивности во општеството:

Едното е дека нашите општества, во основа се базирани на идејата за искупување, од една страна, и на идејата за заштита на секој дел од популацијата што е ранлив на насилство“, рече Малкович.

Американскиот актер додаде дека претставата е предупредување:

„Ги гледаме резултатите од што може да настане, дури и од добронамерниот акт на помилување или простување, и како, простувањето може да биде идеолошки или политички акт даден од луѓе кои тоа ништо не ги чини“, посочи Малкович.

Настапот на Малкович на Охридско лето е негово прво гостување во земјава. Рече дека веќе повеќепати престојувал во Хрватска, дека работел во Србија, како и дека познава дел од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Малкович има одамнешно потекло од Балканот, односно од Хрватска. Режисер и автор на претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“ е Михаел Штурмингер. Со оркестарот на Виенската академија ќе диригира Мартин Хазелбoк, а како солисти ќе настапат сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбејн.

XS
SM
MD
LG