Линкови за пристапност

Џими Картер, поранешниот американски претседател, на прагот да наполни 99 години


Поранешниот претседател Џими Картер треба да го одбележи својот 99-ти роденден на први октомври
Поранешниот претседател Џими Картер треба да го одбележи својот 99-ти роденден на први октомври

Поранешниот претседател Џими Картер треба да го одбележи својот 99-ти роденден на први октомври додека е на палијативна нега. Години после напуштањето на Белата куќа помина борејќи се против тропските болести. Известува Кејн Фарабау

Седум месеци откако објави дека ќе биде на палијативна нега до крајот на животот, поранешниот претседател Џими Картер и неговата сопруга Розалин имаа ретко појавување за време на фестивалот на кикирики во нивниот роден град Плејнс, Џорџија.

Нивното возење во парадата го означи почетокот на една недела прослава на 99. роденден на Џими Картер на први октомври.

„Беше неверојатно со оглед на тоа што тој е на палијативна нега и е тешко да излезе овде. Според мое мислење, тој е еден од најцврстите мажи кои некогаш биле претседатели“, вели Рид Елиот, жител на Кентаки.

„Мислам дека има недоразбирање за палијативната нега, дека таа е само за луѓе кои се неколку дена пред смрт. Тоа не е нешто што го вели оваа здравствена програма“, објаснува авторот Џонатан Алтер, кој ја напиша биографијата на Џими Картер.

Алтер раскажува како смејството го поминува крајот на својот живот.

„Правете колку што можете, за онолку колку што можете и колку долго можете“, вели Алтер и додава дека со палијативната нега на Картер и борбата на Розалин Картер со деменција, парот ги учи другите.

„Имаа намера да направат добро за светот со испраќање порака дека не мора да се повлекувате поради овие одлуки за крајот на животот, и оти има и други опции за луѓето“, вели Алтер.

U.S. President Jimmy Carter announces new sanctions against Iran in retaliation for taking U.S. hostages, at the White House, Washington, D.C., April 7, 1980.
U.S. President Jimmy Carter announces new sanctions against Iran in retaliation for taking U.S. hostages, at the White House, Washington, D.C., April 7, 1980.

Додека тие се откажаа од секојдневните активности на глобалната непрофитна организација што ја основаа во 1982 година, извршната директорка на Центарот Картер Пејџ Александар, вели дека илјадници вработени и волонтери ширум светот ја продолжуваат работата на Картер - промовирајќи мир и борба против запоставените тропски болести - без прекин.

„Последниот пат кога разговаравме, тој не ме праша за политика. Тој не ме праша за ништо освен за бројот на гвинејските црви“, вели Пејџ Александар, Извршна директорка на Центарот Картер.

На прес-конференција во 2015 година на која објави дека боледува од рак, од кој успешно се излечи, Картер ја изрази својата најголема желба пред неговата смрт.

„Сакам последниот гвинејски црв да умре пред мене“, рече Картер во 2015 година.

Кога Центарот Картер ги започна напорите за спречување инфекции од гвинејски црви во 1980-тите, тогаш имаше 3,5 милиони случаи во 21 земја.
Александар вели дека искоренувањето на запоставената тропска болест е поблиску од кога било.

„Имаме шест човечки случаи во две земји, така што сме прилично близу“, вели Александар.

Во телефонските разговори на Александар со Картер…

„Кога последен пат разговарав со него за да му честитам роденден порано, тој рече: „Не сум баш сигурен колку сум среќен што наполнив 99 години“, објаснува Александар.

Таа вели дека е свесен за континуираната поддршка и восхит.

„Мислам дека тоа може да е специјалниот рецепт што го одржува во моментов. Тоа и сладолед со путер од кикирики“, додава Александар и вели дека парот Картер ужива заедно, понекогаш опкружени со семејството, во малата заедница што ја нарекуваат дом од 1920-тите.

„Тие се токму таму каде што сакаат да бидат - заедно во нивниот роден град Плејнс, Џорџија“, вели Александар.

XS
SM
MD
LG