Линкови за пристапност

Џил Бајден ќе објави детска книга за мачката во Белата куќа


Вилоу е единственото претседателско милениче кое моментално живее во Белата куќа
Вилоу е единственото претседателско милениче кое моментално живее во Белата куќа

Првата дама на САД Џил Бајден во јуни ќе објави книга за деца за нејзината мачка во Белата куќа Вилоу.

Издавачот „Сајмон и Шустер“ објави дека книгата ја раскажува приказната за патувањето на Вилоу до Белата куќа.

Мачката влегла во животот на Бајден откако скокнала на сцената додека првата дама зборувала на фарма во Пенсилванија, за време на претседателската кампања на претседателот Џо Бајден во 2020 година.

Набргу потоа, Џил Бајден ја посвоила мачката и ѝ дала име по нејзиниот роден град во Пенсилванија.

„Додека Вилоу се врти од соба во соба, истражувајќи ја историјата во нејзиниот нов дом, таа брзо дознава за сите неверојатни луѓе кои ја водат куќата на народот“, рече првата дама во соопштението на издавачот.

„Тие ја пречекаа Вилоу со љубов и грижа, исто како што направија со Џо и мене, првите семејства кои дојдоа пред нас и сите луѓе кои стапнале во овој дом“.

Семејството Бајден го започна престојот во Белата куќа со Вилоу и неколку германски овчарски кучиња. Сепак, едно куче почина во 2021 година, а другите две, беа однесени од Белата куќа поради агресивно однесување, откако го нападнаа безбедносниот персонал и персоналот на Белата куќа.

Ова ја прави 4-годишната Вилоу единственото претседателско милениче кое моментално живее во Белата куќа.

Дел од информациите во текстот се од АП

XS
SM
MD
LG