Линкови за пристапност

Џастин Трудо поднесе оставка како лидер на Либералната партија


Џастин Трудо
Џастин Трудо

ТОРОНТО (АП) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денес ја објави својата оставка поради зголеменото незадоволство од неговото раководство, но исто така и по ненадењото заминување на неговиот министер за финансии кое сигнализираше растечки превирања во неговата влада.

Трудо рече дека „внатрешните битки“ значат дека тој „не може да биде најдобрата опција“ на следните избори. Тој планира да остане премиер додека не се избере нов лидер на Либералната партија.

Официјален претставник запознаен со ова прашање рече дека Парламентот, кој требаше да продолжи на 27 јануари, ќе биде суспендиран до 24 март, за да ѝ се даде време на Либералната партија да избере претседател. Службеното лице зборуваше под услов да остане анонимен, со оглед дека не бил овластен јавно да зборуваат за ова прашање.

Од трите главни опозициски партии велат дека планираат да ја соборат Либералната партија со гласање недоверба кога Парламентот.

Џастин Трудо
Џастин Трудо

Трудо дојде на власт во 2015 година по 10 години владеење на Конзервативната партија и првично беше поздравен за враќањето на земјата во нејзиното либерално минато. Но, тој стана непопуларен кај гласачите во последниве години поради низа прашања, вклучително и зголемените трошоци за храна и домување како и зголемената имиграција.

Политичкиот пресврт доаѓа во тежок момент за Канада на меѓународен план. Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 25 отсто за сите канадски стоки доколку владата не го спречи она што Трамп го нарекува проток на мигранти и дрога во САД - иако многу помалку има преминувања во САД од Канада отколку од Мексико, на кое Трамп исто така му се закани.

Доналд Трамп и Џастин Трудо
Доналд Трамп и Џастин Трудо

Канада е главен извозник на нафта и природен гас во САД, кои исто така се потпираат на својот северен сосед, пак, за челик, алуминиум и автомобили.

„Неговото долго молчење по оваа политичка драма доволно зборува за слабоста на неговата моментална позиција“, вели Даниел Беланд, професор по политички науки на Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Поранешната министерка за финансии на Канада, Кристија Фриланд, ја објави својата оставка од Кабинетот на Трудо на 16 декември, критикувајќи некои од економските приоритети на Трудо наспроти заканите на Трамп. Потегот, кој дојде набргу по отказот на министерот за домување, ја запрепасти земјата и покрена прашања за тоа колку долго повеќе непопуларниот Трудо може да остане на власт.

XS
SM
MD
LG