Линкови за пристапност

Охрид: Не се намалува бројот на исчезнати во воените конфликти во поранешна Југославија


Охрид: Не се намалува бројот на исчезнати во воените конфликти во поранешна Југославија
Охрид: Не се намалува бројот на исчезнати во воените конфликти во поранешна Југославија

На средбата во Охрид беше речено дека прогресот е бавен, но дека во изминатиов период се пронајдени голем број на исчезнати на овие простори.

Во Босна и Херцеговина се спомнува најголема бројка од над 22.000 исчезнати, а бројките кои циркулираат за Хрватска и Косово, се околу 6.000. Службите за барање на организациите на Црвениот крст од регионот, под лидерство на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст даваат голем придонес во пронаоѓањето на жртвите. Ова беше кажано на средбата на која Црвениот крст на Република Македонија беше домаќин, а каде се состанаа Службите за барање на исчезнати лица на оваа организација од целиот регион.

На средбата беше речено дека прогресот е бавен, но во изминатиов период се пронајдени голем број на исчезнати на овие простори.

Од Меѓународниот Црвен крст велат дека стравуваат оти постои можност за појава на нови масовни гробници во поранешните југословенски држави.

„ Процесот трае долги години. Ова се активности кои секогаш долго траат, меѓутоа резултираат со успеси. Се надевам дека оваа работа ќе ја завршиме како Црвен крст, како Служба за барање, која веќе долги години егзистира во сите овие национални друштва на просторот“, вели Валентина Колеска, координатор во Службата за барање во Црвениот крст на Република Македонија.

Непосредно по завршувањето на воените кофликти на Балканот, бројката на исчезнати лица била над 35 000. Десетина години по тие настани, има околу 15 000 лица од земјите на поранешна Југославија кои се водат за исчезнати.

„Има голем број на последици, економски, социјални, правни, но најголемиот број се од хуманитарен аспект. Се трудиме да ги подготвиме сите фамилии за судбината на нивните роднини, за да продолжат некако со нивните животи. Затоа мора нешто да се стори. Има прогрес, но се се одвива бавно“’, посочува Марија Фриблеони, претставник на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст од Женева.

За жал, во последните години не се појавиле случаи на пронаоѓање на исчезнати лица кои се се` уште живи.

„Семејствата кои во организациите на Црвениот крст ги пријавуваат своите исчезнати, се помируваат со судбината само да се пронајде каков било доказ дека остатоците се од нивните блиски. Голем број исчезнати во Хрватска се пронајдени во изминативе години“, соопшти Дубравка Хорват, заменик претседател на Црвениот крст на Хрватска.

Таа рче дека денес бројката на исчезнати е 1 987. Црвениот крст на Република Хрватска решил повеќе од 11 илјади предмети, а имало и бројни ископувања, есхумација и идентификација, кои донеле резулатити.

Во Босна и херцеговина, пак, до сега се решени околу 12.000 случаи. Но оваа земја се уште се бори со големата бројка на исчезнати лица од конфликтите кои во секој поглед најлошо се одразија на севкупниот живот од останатите републики на Балканот. Проблемот во Босна и Херцеговина се примарните масовни гробници, истакна Лира Шишиќ, од организацијата на Црвениот крст на Босна и Херцеговина.

„Проблемот во Босна и Херцеговина е спорот со идентификацијата на пронајдените. Со оглед дека ретко се извлекуваат жртвите од примарните гробници, повеќе се работи на секундарните и терцијарните“, рече Шишиќ.

Од Меѓународниот Комитет на Црвениот крст додаваат дека постои можност во наредниот период да се разбранува јавноста со пронаоѓање на нови, досега неоткриени масовни гробници.

XS
SM
MD
LG