Линкови за пристапност

Директорот на ФБИ најави оставка на крајот на мандатот на Бајден во јануари


Директорот на ФБИ Кристофер Вреј, сведочеше пред комисијата на Претставничкиот дом за пукањето во поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули на предизборен митинг во Пенсилванија, 24 јули 2024 година, на Капитол Хил
Директорот на ФБИ Кристофер Вреј, сведочеше пред комисијата на Претставничкиот дом за пукањето во поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули на предизборен митинг во Пенсилванија, 24 јули 2024 година, на Капитол Хил

Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Кристофер Вреј денес ѝ кажал на работната сила дека планира да поднесе оставка на крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден во јануари, најава што дојде недела и половина откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп рече дека ќе го номинира лојалистот Каш Пател за таа функција.

Вреј рекол дека ќе се повлече „по неколку недели внимателно размислување“, три години помалку од завршувањето на 10-годишниот мандат обележан со истраги од висок профил, вклучително и што доведе до две одделни обвиненија против Трамп минатата година.

Планираната оставка на Вреј не е неочекувана со оглед на тоа што Трамп го избра Пател да биде директор и постојано го прикажуваше својот гнев кон Вреј, вклучително и во телевизиско интервју емитувано во неделата.

Со повлекување наместо да чека да биде отпуштен, Вреј се обидува да спречи судир со новата администрација на Трамп за кој рече дека дополнително ќе го заплетка ФБИ „подлабоко во кавгата“.

„Мојата цел е да го задржам фокусот на нашата мисија - незаменливата работа што ја вршите во име на американскиот народ секој ден“, им рекол Вреј на вработените во агенцијата.

„Според мене, ова е најдобриот начин да се избегне влечење на бирото подлабоко во кавгата, а истовремено да се зајакнат вредностите и принципите кои се толку важни за тоа како ја работиме нашата работа“.

Трамп во повеќе наврати го покажа својот гнев кон Вреј. Во неодамнешно интервју за Ен-Би-Си рече дека „не можам да кажам дека сум воодушевен од него. Тој го нападна мојот дом“, се повикува на претресот на ФБИ на неговиот имот на Флорида Мар-а-Лаго, пред две години за доверливи документи од првиот претседателски мандат на Трамп.

XS
SM
MD
LG