Линкови за пристапност

Дипломските церемонии за студентите во САД се откажуваат поради протестите


TOPSHOT - NYPD officers in riot gear enter Columbia University's encampment as they evict a building that had been barricaded by pro-Palestinian student protesters in New York City on April 30, 2024.
TOPSHOT - NYPD officers in riot gear enter Columbia University's encampment as they evict a building that had been barricaded by pro-Palestinian student protesters in New York City on April 30, 2024.

Церемониите за дипломирање се намалуваат или откажуваат на американските универзитети поради безбедносни грижи поттикнати од пропалестинските студентски протести. Некои демонстрации во кампусите резултираа со отстапки, други доведоа до насилни конфронтации. Известува Тина Трин.

Тоа е разочарувачки крај на учебната година. Откако студентските протести поради војната во Газа доведоа до насилни конфронтации со полицијата, Универзитетот Колумбија во Њујорк ја откажа својата главна церемонија на дипломирање, избирајќи да оди со помали прослави во одделни сегменти на кампусот.

“Ова беа тешки денови и недели за сите нас. И сега завршува вака. Ние почнавме онлајн како бруцоши. Навистина е тешко да се заврши на овој начин“, вели Алексис Ишмаел, од универзитетот Баранд.

Некои го критикува Универзитетот Колумбија за тоа како го расчисти протестниот камп.

„Универзитетот во многу мејлови упатени до студентите и останатиот дел од универзитетската заедница вели дека кампот и секоја друга акција што ја преземале демонстрантите е причина што кампот е расчистен“, смета Олимер Меккој, од универзитетот Колумбија.

Додека пропалестинските протести се прошируваа низ американските кампуси, некои универзитети побрзаа да ги ажурираат своите политики за слободата на говорот и протестите.

Oва е дефинитивно повик за будење за универзитетите
Зак Гринберг, Фондација за индивидуални права

„Мислам дека ова е дефинитивно повик за будење за универзитетите кои можеби не морале да ги спроведат своите протестни политики до степен до кој беа принудени да го сторат тоа последните неколку месеци“, вели Зак Гринберг, од Фондацијата за индивидуални права.

Други администрации на колеџи во САД се согласија да преговараат со студентите. На Универзитетот Рутгерс, ова резултираше со тоа што институцијата се согласи да додаде Арапски културен центар, како и други отстапки во замена за доброволно демонтирање на кампот на демонстрантите.

„Ова е очигледно многу жешко политичко прашање и мислам дека студентите само сакаат да бидат слушнати. Така да им дадете на учениците место на масата, да им дозволите да кажат што се случува, тоа е одлична идеја“, додава Гринберг.

Многу студенти побараа универзитетите да се откажат од израелските бизниси чии интереси се врзани за војната во Газа. Тоа не е лесна задача, велат експертите.

„Деинвестирањето станува покомплицирано, едноставно поради начинот на кој се инвестираат средствата. Тоа е пораспространето колку што можеби мислите. Apple и Google имаат бизнис во тој дел на Блискиот Исток. Мислам дека 90% од S&P компаниите се вклучени во некој вид на бизнис. Како да се разбие тоа?“, посочува Мери Папазјан, Асоцијација на управните одбори на универзитети и колеџи.

Но, не треба да се отфрли ниту студентската загриженост, вели таа, а универзитетите треба да бидат транспарентни за нивните постапки.

„Споделување на она што го правиме и помагање на студентите и другите да разберат што е тоа што го правиме и што е најважно, зошто го правиме тоа што го правиме и зошто ја донесуваме одлуката што ја носиме“, додава Папазјан.

Универзитетот во Јужна Калифорнија, исто така, ја откажа својата церемонија за дипломирање. На Универзитетот во Мичиген, демонстрантите накратко ги прекинаа тамошните дипломски прослави.

Студентските протести можеби имаат историја на кампусите, но се чини дека сè уште треба да се научат лекции за тоа како да се постапува со демонстрациите на начин што сите страни можат да го поддржат.

XS
SM
MD
LG