Линкови за пристапност

Димитров вели дека извештајот на ЕК е објективен


Поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, во интервју за Гласот на Америка на македонски порачува дека фокусот на пристапниот процес е изместен и дека треба да се врати на суштинските работи.
Поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, во интервју за Гласот на Америка на македонски порачува дека фокусот на пристапниот процес е изместен и дека треба да се врати на суштинските работи.

Државата која вели дека ЕУ е стратешка цел, мора да почне да испорачува
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:38 0:00

Глас на Америка: Господине Димитров, добродојдовте во Вашингтон. Што е поводот?

Никола Димитров: Јас сум со моите пријатели и колеги од Советодавната група за политики на Балканот во Европа - БИПАГ како кратенка што ја координира Флоријан Бибер од Грац. Тука сме да размениме мислења, да кажеме како гледаме на состојбите на Балканот. Имаме средби во Стејт Департментот, во Претставничкиот дом, во Сенатот и еден јавен и полу-јавен настан со тинк-тенкови, Атлантскиот совет и Националната фондација за демократија. Нашите гледања за тоа до каде сме со европските интеграции, дали одиме напред, назад или стоиме во место во однос на демократијата и владеењето на правото, како да се решат оние спорови што се уште не се решени, бидејќи гледаме дека не е мудро да се оставаат нерешени прашања или да се туркаат под ќилим, и да видиме каков ќе биде интересот на нашите соговорници во Вашингтон.

Глас на Америка: Го видовте најновиот извештај на Европската комисија за Северна Македонија. Што мислите за оценките во него?

Никола Димитров: Извештајот ја отсликува реалноста, значи е објективен. Има посебно загрижувачки оценки во однос на реформите во правосудството каде вели нема

Владата постојано повторува дека ЕУ е стратешка цел, меѓутоа за земја што е во овој процес, крајно време е да почне да испорачува.

напредок, во превенцијата и борбата против корупцијата каде вели нема напредок; нема напредок и во однос на легислативата која што има за цел да внесе повеќе „мерит“, значи унапредувања за способност наместо партиска лојалност во јавната администрација, а тоа се срцето на Копенхашките критериуми. Од прогресот во овие области зависи вкупниот напредок во пристапниот процес. Во основа, ЕК вели, зборувате добро, меѓутоа не правите. Значи, првата реченица од документот за целиот регион, комуникацијата од комисијата, вели: владата постојано повторува дека ЕУ е стратешка цел, меѓутоа за земја што е во овој процес, крајно време е да почне да испорачува. Значи, тоа што го зборувате, ајде да го испорачувате, и мислам дека разбива многу домашни, политички наративи кои што ја злоупотребуваат европската приказна. Извештајот е многу јасен за и тој термин го употребува - „злоупотребата на европското знаменце“ - за законски измени кои што немаат врска со европското законодавство и тука ги потенцира измените на Кривичниот законик, кои што не се проблем само за тоа што придонесуваат за побрзо застарување на актуелни кривично-правни случаи, туку е проблем и за кривично гонење на идни, бидејќи влијаат на самата постапка. (Тоа е) нешто што владата го донесе образложувајќи дека се приближуваме кон европското законодавство со овие измени. Мислам дека е важно што овој извештај ја расчисти маглата околу европската приказна.

Глас на Америка: Во неколку наврати имате изјавено дека преговарачката рамка со Европската Унија можеше да биде подобра. На што мислите притоа?

Никола Димитров: Во преговарачката рамка влегуваат барања од маката што билатерално ја имаме со комшиите, со Бугарија, наспроти мислењето и на комисијата и на многу земји членки дека тоа треба да биде црвена линија, дека вакви билатерални прашања, каде што се допира идентитет, јазик, историја, не треба да се мешаат со Копенхашките критериуми. И реалноста го отсликува тоа што јас уште минатата година го зборував... Преголем фокус во последниве месеци (има) на уставните амандмани, а недоволно фокус на суштината на пристапниот процес: борбата против корупција, функционалноста на институциите, независноста на судиите итн. Практично, ние имаме едно нерешено билатерално прашање на тешки теми измешано со реформскиот процес, со тоа што ни треба – Копенхашките критериуми. И ова, на некој начин го врза во чвор нашиот пат кон ЕУ и мора да најдеме вистинско решение. Така зборувам конгзистентно и кога бев во влада и кога излегов од влада. Мислам дека мора да го решиме проблемот и мора да го заштитиме интегритетот на процесот за вистина да не` реформира, за вистина да мотивира на реформи.

Глас на Америка: Господине Димитров, неодамна ја основавте невладината организација Солуција. Некои на потегот гледаат како обид да се дистанцирате од СДСМ пред изборите во 2024. Ваш коментар?

Никола Димитров: Јас во владата влегов како активист, а не како член на политичка партија, а влегов од невладин сектор од Холандија. За мене природно е да се вратам во невладиниот сектор, но да продолжам да бидам активен политички, бидејќи сите граѓани можеме да бидеме активни политички и да влијаеме да ни растат партиите, да не бидат како дуќанчиња кои што се занимаваат со вработувања, туку да се занимаваат со политики и со општото добро како да си ја средиме државата.

Глас на Америка: Вие практично никогаш не излеговте од политиката, и не ретко се споменува вашето име како можен кандидат за претседател на државата. Имате ли донесено одлука за тоа?

Никола Димитров: Мојата одлука е граѓанска акција. Не сум

Убеден сум дека политиката нема што да бара во образованието, во училиштата, нема што да бара во болниците, нема што да бара во судовите и во јавните обвинителства.

заинтересиран за јавна функција, многу сум заинтересиран да им правиме што е можно потешко на партиите и на јавните функционери кога грешат и да ги поддржуваме тогаш кога одат во исправната насока, без разлика дали настапуваат со едни букви, една политичка партија или со други букви. Мојата амбиција е да создадеме една граѓанска сила што ќе биде фактор во македонското општество и што ќе турка кон подобро, пред се` за владеење на право, за одговорност, против корупција и младите луѓе да можат да си најдат работа врз основа на своите способности и да не мора да одат по партиски штабови и да бидат на партиски списоци за да можат да најдат вработување. Убеден сум дека политиката нема што да бара во образованието, во училиштата, нема што да бара во болниците, нема што да бара во судовите и во јавните обвинителства. Штом го тргнеме партиското влијание од овие системи, работите ќе ни тргнат за добро дури и ако продолжат некои од комшиите да ни го блокираат европскиот пат. Многу е важно тоа што го правиме дома.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG