Линкови за пристапност

Дијалог во Охрид: Билатерални средби, строго обезбедување, малку информации за јавноста

Дијалогот се одржува со посредство на високиот претставник, на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел
Дијалогот се одржува со посредство на високиот претставник, на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел

Под строго полициско обезбедување, со ригорозен пристап за медиумите и зад затворени врати се одвива дијалогот во Охрид меѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализација на односите меѓу двете страни.

Главните учесници, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти пристигнаа одделно и имаа одделни средби со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

Дијалог во Охрид меѓу Белград и Приштина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

„Местото на Западен Балкан е во Европската Унија, географски, историски, политички и цивилизациски. Особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент. Затоа сакам јасно да порачам дека ние сме политичари кои носат тешки, но и државнички одлуки. Никому не му е лесно во вакви ситуации, бидејќи дијалогот значи и отстапки. Но, знаеме дека тие тешки одлуки се за подобра иднина на сегашните и на идните генерации“, рече премиерот Ковачевски, кој е единствениот што одржа обраќање до јавноста и медиумите.

Дијалогот се одржува со посредство на високиот претставник, на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел поддржан од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Како набљудувач е присутен и претставникот на Соединетите Американски Држави, за Западен Балкан Габриел Ескобар. Претходно двајцата лидери имаа одвоени средби со Лајчак и Борел, како и со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

Во Охрид се присутни бројни новинарски екипи од регионот.

XS
SM
MD
LG