Линкови за пристапност

Дигитални стрипови


Пробив на дигиталните стрипови
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00
Direct link

Дали им одѕвонува на хартиените?

Од Супермен до Бетмен, хероите кои го спасуваат светот започнаа во цртаните стипови, пред да се преселат на големото платно. Авторите на стрипови велат дека иако не се толку популарни како пред децении, нивните креации минуваат низ технолошка револуција за која многумина од индустријата мислат дека ќе создаде нова генерација на читатели.

Последниве 30-тина години, Голден епл комикс во Лос Анџелес продава стрипови на деца, но и на возрасни кои не заборавиле да бидат - деца. Нивниот изглед не е многу различен, но сопственикот Рајан Лебовиц забележува промена кога вели: „Во последно време, сведок сум на голема транзиција кон дигитални стипови“.

Се` повеќе може да најдете стрипови - онлајн. Комиксолоџи, на пример, има над 25 илјади стрипови во својата Интернет-продавница. Потпретседателот на компанијата Чип Мошер се фали: „последниве шест до девет месеци се рангиравме како најпродавана апликација за ај-пед во целата продавница на ај-тјунс“.

Лани, компанијата продала 19 милиони онлајн-стрипови. Годинава очекува да продаде 70 милиони. Кога за истата цена постои избор хартиена или дигитална верзија, читателите одбираат дигитална, раскажува Лебовиц.

Даниел Бурвен, основач на компанијата Когнито комикс, вели дека виртуелниот свет му дава можност да стигне до читатели од цел свет: „Да работевме само со печатена верзија, ќе бевме среќни да продадеме 500 примероци“.

Некои читатели, иако верни на старите добри хартиени верзии, сакаат и дигитален формат од практични причини.

„Има стрипови што сакам да ги имам на хартија, но убаво е кога можам да ги читам и на мојот ај-пед“, резонира пасионираниот „стрипаџија“ Ден Креј.

Многумина во индустријата сепак гледаат иднина - за обете варијанти.
XS
SM
MD
LG