Линкови за пристапност

Дизелот се враќа во САД

Audi A3 TDI Diesel
Audi A3 TDI Diesel

Автомобили и камиони произведени во САД до 2016 според сегашната регулатива треба да трошат литар гориво на 15 километри. Но месецов владините оддели за сообраќај и енергија најавија заострување на тие стандарди во 2017. Автопроизводителите се обидуваат промената да ја дочекаат на нозе и веќе сега се подготвуваат.

Кога мислите на дизел сигурно ви доаѓаат слики на гласни мотори, и валкан, смрдлив воздух околу нив. Тоа всушност ги оттргна американските возачи од таа технологија во 1980тите.

Дон Хилербранд е директор на лабораторија на Одделот за енергија во близина на Чикаго. Тој вели дека возилата на дизел што се правеле во 70-тите и 80-тите му дале лошо име, но дека тоа е далечна историја.

Всушност, последниве три години, победник на списанието Green Car Journal за најзелен автомобил на годината е – дизел машина.

За 2010 тоа е Audi A3 TDI. Троши литар на 18 километри што го прави еден од наекономичните возила на патиштата.

„Гледајќи според километражата, тоа е многу блиско до хибрид и дизел зашто конвенционален дизел, не мора ни да е хоибрид, троши практично исто како хибрид со бензин“, вели Томас Волнер од истата лабораторија, кој ги истражува дизел моторите, главно од Европа, да го поттикне развојот во САД.

Сепак, тој додава дека еден од проблемите во САД е што нема доволно „бензиски“ пумпи за дизел. Тоа делумно ги сопира луѓето да купуваат вакви автомобили, но ги спречува и американските производители да се фокусираат на дизел. Затоа на американскиот пазар доминираат европски марки.

Дон Хилебранд вели дека иако дизел возилата сеуште користат фосилно гориво за моторот, важно е што оваа технологија го подготвува патот за идна енергетска независност со помала употреба на гориво.

„Дизелот е за 30 проценти поекономичен, што е значително намалување на јаглеродниот диоксид и – штедење“, вели тој.

Американската автоиндустрија полека ова го сфаќа. Форд има неколку дизел возила што ги продава во Европа и што има планови овде да ги претстави.

Планот на Џенерал Моторс е за некоја година да излезе со економично дизел патничко возило на американскиот пазар.

XS
SM
MD
LG