Линкови за пристапност

Дурбин: САД треба да бидат гласни за етничкото чистење во Мјанмар


Интервју со сенаторот Дик Дурбин, за бегалската криза во Мјанмар, и за напорите на сенаторите да се утврди одговорност за убиствата на Рохинџа

Не знам која е официјалната позиција на оваа администрација за бегалската криза во Мјанмар, но, во најблага форма се работи за етничко чистење, вели сенаторот Дик Дурбин, во интервју за Гласот на Америка, кој зборува за неговите напори да се спречи и утврди одговорност за прогонот на индијскиот народ Рохинџа, населен во северниот дел на Ракајн во Мјанмар.

Дурбин смета дека САД треба да проговорат за ова прашање, најавувајќи дека тоа ќе го направат многумина во Конгресот.

„Овој муслимански народ е тероризиран од Мјанмарската војска. Тие се убивани и силувани, а нивните домови палени. Стотици илјади од нив се раселени во бегалски кампови во Бангладеш, каде живеат во опасни услови. Тоа е неприфатливо“, вели Дурбин.

На прашањето зошто Мјанмар сака да ги елиминира Рохинџа, Дурбин вели:

„Нивниот аргумент, колку што јас сум информиран, е дека тие не се граѓани на Бурма или Мјанмар. Тие се од Бангладеш. Второ, тие се муслимани во држава, каде милиони муслимани никогаш не биле прифатени“.

Дурбин вели дека раселување на 600.000 лица е катастрофа, независно од информациите дека некои од нив биле поврзани со терористички напад.

Сенаторот најави резолуција за осудување на, како што вели, етничкото чистење на овој народ, која ќе биде двопартиска.

„Сакаме резултати. Луѓето страдаат и умираат во овој момент, и затоа ја повикуваме Владата да проговори и да преземе нешто“, изјави Гурбин, нагласувајќи дека во напорите треба да се вклучат и Обединетите нации и невладиниот сектор во Ракајн, кој што може да види што се случува на самото место.

„ Ако одиме напред да го решиме овој проблем, ќе има многу позитивен исход за Мјанмар“, рече Дурбин.

Според него, кога светот се соочува со најголемата бегалска криза досега, најавите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за намалување на бројот на бегалци во САД на половина, се многу несреќни.

Автор: Грета ван Шустрен

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG