Линкови за пристапност

Во САД се предвидува огромен пораст на стапката на дијабетис


Во САД се предвидува огромен пораст на стапката на дијабетис
Во САД се предвидува огромен пораст на стапката на дијабетис

Eден на тројца возрасни ќе биде дијагностициран со дијабетис до 2050 доколку Американците не го променат стилот на живот

Нова студија вели дека бројот на американски возрасни лица кои страдаат од дијабетис е на пат да се удвои или дури три пати да се зголеми во текот на следните четири децении.

Текст: Од американските Центри за контрола и превенција на болести велат дека еден на тројца возрасни ќе биде дијагностициран со дијабетис до 2050 доколку Американците не ги променат своите навики за исхрана и станат повеќе физички активни. Во моментов стапката е еден на десет Американци со болеста.

Извештајот вели дека дури и со поздрав начин на живот, бројот на дијабетични Американци ќе порасне како што старее популацијата.

Трендот го движат и други фактори според извештајот, како што е растечката популација на малцинските групи, вклучувајќи ги Африканските Американци и Јужноамериканците, кои се во најголем ризик од болеста.

Дијабетисот беше седма водечка причина за смрт во САД во 2007.

XS
SM
MD
LG