Линкови за пристапност

Брокула - лек против дијабетес


.
.

Овој зеленчук содржи агенс што се користи во клинички испитувања за намалување на шеќерот во крвта кај дијабетичарите

Соединението кое може да се најде во брокулата, се чини дека е ефикасно, исто како и лекот којшто се користи за лекување на дијабетес, сметаат шведски истражувачи. Според нив, состојка во овој зеленчук може да биде безбедна алтернатива за намалување на шеќерот во крвта.

Но, на многумина не им е грижа за зеленчукот.

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама, имаше мисија да ги охрабри Американците да јадат повеќе зеленчук, за разлика од 90-години, кога претседател беше Џорџ Херберт Вокер Буш, кој, пак, воопшто не сакаше зеленчук.

„Не сакам брокула. Не сум ја сакал ниту кога бев дете, иако мојата мајка инсистираше да ја јадам. Сега сум претседател на САД, и нема да јадам брокула“, изјави поранешниот претседател на САД.

Но, најновата студија за брокулата може да го смени ваквиот став.

Овој зеленчук содржи агенс, наречен сулфорафан, кој се користи во клинички испитувања, за намалување на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.

Тоа би можело да биде добра вест за големиот процент заболени.

Андерс Росенгрен, од Центарот за дијабетес при универзитетот Лунд во Шведска, вели дека го откриле потенцијалот на сулфорафан во намалувањето на HA1c, биомаркер за долгорочна контрола на нивото на шеќерот во крвта

Андерс Росенген го предводел тимот истражувачи, кој користел компјутерски модел за сортирање на јавната база на податоци, на повеќе од 3.800 ветувачки соединенија за откривање на сулфорафанот.

Во студијата, која траела 12 недели, на 97 пациенти заболени од дијабетес - тип 2, сулфорафанот им го намалил нивото на биомаркерот за околу 10 проценти.

Студијата е објавена во журналот Science Translational Medicine.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG