Линкови за пристапност

Дијалогот САД-Кина продолжува и покрај несогласувањата во повеќе области


САД велат дека смената на Ганг нема да ги промени неодамнешните напори на претставниците на високо ниво за одржување на американско-кинескиот дијалог. 
САД велат дека смената на Ганг нема да ги промени неодамнешните напори на претставниците на високо ниво за одржување на американско-кинескиот дијалог. 

САД велат дека смената на кинескиот министер за надворешни работи Чјин Ганг нема да ги забави напорите за подобрување на дијалогот меѓу двете земји, и покрај тоа што Конгресот го менува законодавството чија цел е да се намалат американските инвестиции во кинеска технологија. Кетрин Џипсонима повеќе.

На плажата Бали во градот Тајпеј има годишна вежба со која Тајван се подготвува за можен напад од Кина.

„Денешната борбена вежба е најголемата вежба оваа година, тестирајќи ја соработката меѓу различни служби, единици и сили“, рече претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен.

Потоа, кинеската државна телевизија објави дека министерот за надворешни работи Чјин Ганг ќе биде заменет од неговиот претходник Ванг Ји, по само седум месеци на таа функција.

САД велат дека смената на Ганг нема да ги промени неодамнешните напори на претставниците на високо ниво за одржување на американско-кинескиот дијалог.

„За нас е важно одговорно да управуваме со овој однос, кој започнува со дипломатија и ангажирање. Јас ќе работам со кој и да е релевантен кинески колега“, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Но, во американскиот Конгрес има голема загриженост за економската конкуренција меѓу САД и Кина.

Ние повеќе не ја контролираме најсовремената технологија. Во многу случаи бескорисно продолжуваме да фрламе милијарди и милијарди долари за истражување и развој“, рече републиканскиот конгресмен Мајк Галагер.

Како дел од својата дебата за годишниот нацрт-закон за трошоци на одбраната, Сенатот донесе неколку клучни мерки со кои бара од американските компании да пријават инвестиции во кинески технологии, како што се полуспроводници и вештачка интелигенција - потег што Кина го осуди.

„Економската и трговска соработка меѓу Кина и САД е од заедничка корист и добивка за двте страни. Намерното ограничување или мешање во нормалните економски, трговски и инвестициски активности во индустријата и во приватниот сектор, е спротивно на принципите на пазарната економија“, кажа портпаролката на кинеското МНР Мао Нинг.

Но, неодамнешно истражување на центарот „Пју“покажа неповолни погледи за Кина низ светот, односно 71% од анкетираните возрасни лица се изјаснија дека Кина не придонесува за глобалните мир и стабилност.

Конгресот го менува законодавството за намалување американски инвестиции во кинеска технологија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

XS
SM
MD
LG