Линкови за пристапност

Поглед од Детроит за реформите во имиграцијата


Претседателот на САД е популарен кај индустриските работници, но некои не сакаат кратење на бројката имигранти

Гледајќи ги своите деца како си играат покрај фонтана во Ворен, најголемото предградие на Детроит, републиканецот Џејсон Марчанд вели дека го поддржува Трамп затоа што како претседател направил работи „што требало да се направат многу одамна“, заблагодарувајќи му се за подобрувањето на автомобилската индустрија.

Тој сепак признава дека нивните ставови се разликуваат по прашањето за улогата на имигрантите во општеството.

Џејсон Марчанд
Џејсон Марчанд

„Сите заслужуваат промена во животот и да се насели градот Детроит, тоа не е лоша идеја“, кажа Марчанд за Гласот на Америка.

Сепак, овој човек кој е механичар по професија, е само еден американски работник и гласач, што го засега новиот закон за имиграција на Сенатот, и кој во Белата куќа беше претставен неделава од страна на претседателот Трамп. Со законот, ќе се намали легалната имиграција во САД за 50 проценти, како дел од ветувањето на Трамп за време на кампањата.

Целта е да им се даде предимство на американските работници, најави вишиот советникот на Белата куќа, Стивен Милер, за време на брифингот за новинарите во Белата куќа.

Во април, двопартиска група од речиси 1.500 економисти напишаа писмо до законодавците, велејќи дека тие речиси постигнале „универзален договор“, дека со соодветни заштитни мерки, имиграцијата „претставува можност, а не закана за економијата и за американските работници“.

Но, Милер во средата се спротивстави на ваквите предлози и праша: „како тоа е фер и правилно, ако речеш ќе отвориш нов бизнис во Детроит, и дека невработените од овој град ќе мора да се натпреваруваат со бесконечниот проток на неквалификувани работници, за истата таа работа“?

Зошто Детроит?

Овој град често се користи како пример, за да се прикажат проблемите на невработените Американци.

За време на Големата рецесија, Детроит претрпе стапка на невработеност од 28,4 проценти, висок процент на криминал, напуштање на средното образование, и опаѓање на наталитетот.

Додека градот полека заздравува, стапката на невработеност денес изнесува 7,8 проценти. Дополнително, трендот на намалување на популацијата забави, што може да се должи и на порастот на имигрантската популација, се вели во студијата спроведена од „Глобал Детроит“ и „Нова американска економија“.

Градот во голема мера е заинтересиран за привлекување на легална имиграција. Републиканскиот гувернер на Мичиген, Рик Снајдер, себеси се нарекуваше и „најголем про-имигрантски гувернер во државата“.

Меѓу работничката класа во Детроит, ставот не е премногу различен. Демократот Ед Нуан, пензиониран занаетчија и „член на синдикатот“ вели дека и неговите родители биле имигранти. Но, тој е за имиграцијата, само ако новите жители се спонзорирани и подлежат на соодветни проверки.

„Има и добри и лоши во секоја етничка група или раса“, вели Нуан.

Актот RAISE што го претставија републиканските сенатори Том Котон и Дејвид Пердју, не се очекува лесно да мине во Сенатот, затоа што републиканците имаат благо мнозинство, а потребни им се 60 гласови за да го надминат филибастерот од опозиционите демократи, кои, пак, генерално го поддржуваат актуелниот стадиум на имиграција во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG