Линкови за пристапност

Десет отсто повисоки плати во јавниот сектор, Владата и синдикатите успеаја да се договорат


Претставниците на Синдикатите се задоволни од исходот на преговорите изборените 30 отсто од просечна плата за регрес во 2024 година за административците
Претставниците на Синдикатите се задоволни од исходот на преговорите изборените 30 отсто од просечна плата за регрес во 2024 година за административците

Септемвриската плата ќе биде првата со пресметаното зголемување. Регрес за годишен одмор ќе добијат сите вработени во администрацијата во износ од 10 илјади денари, а следната година ќе изнесува најмалку 30 отсто од просечната плата. Од март 2025 година стапува на сила новата методологија според која просечната плата помножена со коефициентот ќе биде основата за пресметка на платите во јавниот сектор. Избраните и именувани функционери кои добија 78 отсто повисоки плати нема да добијат дополнително покачување од 10 отсто

СКОПЈЕ – Преговорите меѓу Владата и Синдикатите во рамките на Економско социјалниот совет (ЕСС) кои траеја со години денеска финишираа. На денешната средба во министерството за финансии двете страни постигнаа договор и си подадоа рака. Од септмври секој вработен во јавниот сектор ќе добие за 10 отсто повисока плата а во декември на сите ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор во висина од 10 илјади денари. Покрај тоа договорена е методологијата за пресметка на платите која ќе стапи на сила од март 2025 година и набрзо ќе треба да се потпише општиот Колективен договор.

Претставниците на Синдикатите се задоволни од исходот на преговорите изборените 30 отсто од просечна плата за регрес во 2024 година и фактот што веќе ниту еден административец нема да биде на минимална плата. Со новата методологија платите во јавниот сектор од март 2025 година ќе бидат далеку повисоки, сметаат тие

Добро е што конечно утврдивме регрес за годишен одмор и исправивме една голема непрвада кон вработените во јавниот сектор
Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ

„За нас како ССМ беше важно вработените во јавниот сектор на банкомат во септември да добијат далеку повеќе од 14,2 проценти што го постигнавме ако земеме предвид дека со синдикалните активности платите во голем дел од јавниот сектор јавниот сектор веќе пораснаа. Добро е што конечно утврдивме регрес за годишен одмор и исправивме една голема непрвада кон вработените во јавниот сектор особено вработените во здравство кои досега ниту еднаш немаат добиено регрес. Конено утврдуваме методологија со која ниту еден владин функционер ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на плати на вработени во јавниот сектор. Платите на вработените во јавниот сектор од март 2025 година ќе пораснат за значителен процент. Од септември ќе немаме ниту еден вработен во јавниот скетор кој ќе биде на минималец“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчовска, прецизираше дека 10 отсто годинава е веќе договорено како и 30 отсто регрес наредната година.

„Постигнавме договор за општиот колективен договор да се потпише и за спорните прашања кои со месеци се преговараа со претставниците на Синдикатите. К-15 секој вработен во јавен сектор ќе зема во висина од 10 илјади денари. Во општиот Колективен договор ќе стои одредба исплата на К-15 да биде најмалку 30 отсто од висина на просечна плата во изминатата година“, рече Тренчовска.

Веќе во септември ќе треба да одиме со ребаланс на Буџет за да влезе ова што го договоривме
Фатмир Бесими, Министер за финансии

За да се најдат пари од државниот Буџет за исплата на зголемувањето од 10 отсто и регрес за годишен одмор ќе мора да се направи ребаланс на Буџетот. Колку тоа ќе изнесува во пари и од кои ставки ќе се префрлаат средтва министерот за финансии, Фатмир Бесими дополнително ќе соопшти.

„Цело време разговараме за системско решение кое ќе важи за сите. Ние имаме една од значајните реформи во системот за плати. Разликите ќе се усогласат согласно растот и тоа ќе важи за сите институци во јавниот сектор. Важно е што системски регулираме плати и регрес за годишен одмор за оваа година. Ние веќе во септември ќе треба да одиме со ребаланс на Буџет за да влезе ова што го договоривме. Пресметките ги правиме, не би сакал да лицитрам со бројки. Кога ќе го правиме ребалансот ќе ги соопштиме ставките од кои ќе се префрлаат пари“, изјави министерот Бесими.

За вицепрмиерот Фатмир Битиќи ова е историски момент.

„Мислам дека ова е историски момент, по системското решавање на минималната плата. Ова е доказ кога сакате системски да ги решите проблемите се решаваат. Жалам што овој процес не можевме да го завршиме со претходниот претседател Дарко Димовски кој прерано почина. Може да лицитираме со бројки дали можело повеќе или помалку, но битно е дека секој службеник во јавниот сектор ќе може да знае што го очекува во иднина“, рече вицепремиерот Битиќи.

Во последните неколку месеци, незадоволството на вработените во јавниот сектор од висината на платите ескалираше и иницираше протести на кои излегоа вработени во УЈП, Царината, културата и образованието.

XS
SM
MD
LG