Линкови за пристапност

Десет мртви при масовни пукања пред Денот на независноста на САД


Десет лица загинаа во масовни пукања во Филаделфија, Балтимор и Тексас, пред денешниот Ден на наезависноста на САД, 4-ти јули.

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди насилството и ги обнови своите повици за заострување на лабавите американски закони за оружје.

„Нашата нација повторно претрпе бран трагични и бесмислени убиства“, рече претседателот во изјавата објавена денес.

Бајден ги повика републиканските законодавци „да дојдат на маса за значајни, разумни реформи“.

Републиканците во Конгресот генерално ги блокираа обидите за значително реформирање на законите за безбедност на оружјето и се спротивставија на притисокот на Бајден да ја врати забраната за полуавтоматско оружје.

Мотивите за сите три неодамнешни пукања не се јасни.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG